Гостивар
Во ОУ „Единство“ Гостивар нова училница за деца со посебни потреби

Учениците со посебни потреби кои го посетуваат гостиварското основно училиште „Единство“ добија нова училница, кадешто покрај редовната настава, ќе имаат индивидуални часови со стручен кадар.
Просторијата е опремена со потребните дидактички материјали и средства, а како што беше речено при промовирањето денес, обезбедена е на барање на родителите.
„Овие деца се во инклузија и наставниот ден го поминуваат во своите одделенија со своите соученици, но одредени часови имаат потреба од индивидуална настава со дефектолог и психолог. Училницата е обезбедена на барање на родители. Ние ќе се обидеме во сите училишта да има вакви посебни училници. Посебна чест ми е кога промовирам вакви мали инвестиции, но многу важни за децата.“, рече градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари.
Во училиштето настава посетуваат седум деца со посени потреби.
„Со учениците по наставата во оваа училница ќе работи дефектолог, и тоа ќе имаат индивидуални часови, односно секое дете има свој термин за користење на просторијата“, рече директорката на ОУ „Единство“, Реџије Мазлами Јусуфи.
Училиштето денес организираше и Пазар на здрава храна. Во дворот беа поставени штандови со овошје, зеленчук и други прехранбени производи, домашно подготвени од децата и родителите и спакувани во интересни кошнички, кутии со дополнителни декорации.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 недели
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
„Сокче од морковче“… дознајте кои се огромните придобивки
-
Занимливостипред 3 недели
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 1 месец
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Ниќифорово може да даде уште една потврда дека Македонија е библиска земја
-
Македонијапред 1 недела
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава