Гостивар
Во петок навечер прскање против комарци во Гостивар
Првата фаза од сезонската дезинсекција на подрачјето на Општина Гостивар ќе се спроведе во петок (19 јуни), соопшти локалната самоуправа. Прскањето пторив комарци и други штетни инсекти ќе се изведува од полноќ до раните утрински часови.
Со процесот ќе бидат опфатени следните локации: ул. “Живко Брајкоски” – градски парк од левата страна на реката Вардар, ул. “М.Ч. Филипоски” – градски парк од десната страна на реката Вардар, градска болница, ул. “ЈНА” до Здуњска раскрсница, коритото на реката Вардар во атарот на село Равен, каналот од Здуњска раскрсница – Шеста зона – Малеарди – ул. “Борис Кидрич“ – ул. Беличица до населба Фазанерија – населено место Бањица – Булевар “Браќа Ѓиноски“, преку градски плоштад до излезот на градот кон село Чајле, се река Јахорка во село Форино.
Во случај на време со дожд или силен ветер, дезинсекцијата ќе се одложи за утредента или било кој друг ден со поволни временски услови.
Општината апелира одгледувачите на пчели да ги преземат соодветните мерки за заштита, односно да ги засолнат пчелите во сандаците, да обезбедат потребна количина на вода за држење на пчелите затворени минимум 5-6 часа пчела по третманот на подрачјето.
-
Гостиварпред 2 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград