Здравје и убавина
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…

Топлото време ги мами граѓаните слободните моменти да ги искористат за престој и прошетки во природа. Сепак и покрај опуштањето и уживањето, по напорните работни обврски, не треба да се заборави на опасностите со кои може да се соочите на отворено, особено овој период, како што се на пример разните инсекти (оси, стршлени и сл.) и крлежите. Неопходна е внимателност, а се препорачуваат превентивни мерки:
- да се носи облека што не остава откриени делови од телото
- краевите на панталоните да се вовлечат во чорапите, а блузите со долги ракави да бидат закопчани до крај
- по можност да се користи специјален спреј против крлежи и инсекти
- да не се нанесуваат парфеми
- да се направи детален преглед на телото по враќање дома
Реакцијата на убоди од крлежи и инсекти е индивидуална. Може да се предизвикаат полесни кожени алергии, црвенила, но и животно-загрозувачки алергиски реакции со гушење. Доколку после убод се забележи дека состојбата се влошува, тогаш задолжително треба да се јавите на лекар. Ако е локална реакција тогаш може да си помогнете со ставање ладна облога и локални антихистаминици.
На лекар треба да се јават и лицата кои по една до две недели откако биле каснати од комарци или крлеж, добиле висока температура, треска и осип по телото, за да се провери дали станува збор за некоја болест пренесена од инсектите.
-
Гостиварпред 6 дена
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Македонијапред 2 месеци
Православните одбележуваат Велики Петок, тажниот ден на распнувањето на Исус
-
Македонијапред 1 месец
Зошто Велигден не е секоја година на ист датум – како се пресметува?
-
Македонијапред 2 месеци
Православните верници слават Благовештение
-
Гостиварпред 3 месеци
ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион
-
Македонијапред 1 месец
Здружението на историчарите бара враќање на Историјата за VI одделение
-
Гостиварпред 2 месеци
Комуналец Гостивар по прекинот во водоснабдувањето: Водата од градскиот водовод да не се пие