Регион
Во Србија поевтинуваат 20 основни производи како млеко, сирење, бебешка храна, тоалетна хартија…

Од денес во продавниците во Србија по пониски цени може да се купат 20 основни производи за исхрана, хигиена и хемикалии за домаќинството под ознаката „подобра цена“, јави дописникот на МИА од Белград.
Министерот за внатрешна и надворешна трговија Томислав Момировиќ на својот Инстаграм ги повика граѓаните да ја искористат оваа акција која ќе трае до Нова година.
Производи кое ќе имаат пониска цена се: млеко, јогурт, бело сирење, јаболка, компири, тестенини, пилешко месо, салама во обвивка, безалкохолно пиво, сокови, кафе, храна за бебиња, шампон за бебиња, пелени за бебиња, шампон за возрасни, тоалетна хартија, хигиенски салфетки, детергент за миење садови, детергент за перење алишта.
Овие производи, како што наведе Момировиќ, се дел од кампањата „Подобра цена – цена за народот“ која ќе трае до 31 декември 2023 година, а со цел потрошувачите полесно да ги најдат на полиците и да ги купат, тие ќе бидат јасно означени со знак во продавниците „подобра цена“.
Момировиќ додаде дека главната цел на акцијата е цените на овие производи да бидат најниски или меѓу двете најниски во таа категорија во Европа.
Претходно, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, покажа кошница со производи чии цени ќе бидат намалени, споредувајќи ги со сегашните.
-
Македонијапред 3 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!