Гостивар
Во тек се неколку инфраструктурни зафати низ Гостивар
Поволните временски услови кои владеат месецов, гостиварската локална самоуправа ги користи за реализација на неколку инфраструктурни проекти.
Во населбата Шеста зона во Гостивар, урбан блок 19, заврши асфалтирањето на ул. 4. На улицата, во должина од 150 метри и широчина 5,5 метри, претходно беше поставена водоводна и канализациона линија. „Дополнително ќе се зајакне и јавното осветлување, со што ќе се создадат потребните услови за сите населени куќи во овој градски блок, кој е во фаза на изградба“, информираат од општината.
Во населбата Питарница започнаа подготвителни работи за уредување на улица 3. Оваа улица е долга околу 300 метри и има просечна ширина од пет метри.
Неодамна во централниот дел на градот, се заокружи реконструкцијата на ул„29 ноември“ (што ги поврзува улиците „Иво Лола Рибар“ и „Панче Попоски“).
Во селото Речане, во тек се работите за поставување на канализација, додека во Балиндол се гради нов парк и ќе биде поставено детско катче.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград