Поврзи се со нас

Македонија

Во трката за пари, по кариера или по преживување, се заборава на децата…

Објавено

на

Во трката за пари, по кариера или по преживување, се заборава на децата. Потребен е системски пристап, смета професорот Марјан Ѓуровски од Институтот за безбедност, одбрана и мир.

„Сите ние во суштина ја делиме одговорноста за денешната наша реалност. Родителите, наставниците, децата и системот. Значи не може да покажеме со прст, конкретно за одговорност, затоа што на еден или друг начин, придонесуваме за ова што денес го живееме. Дополнително, придонесуваат и геополитичките случувања, медиумите и реалноста во која живееме“, изјави Ѓуровски пред денешната презентација на научно – истражувачки проект за безбедност во училиштата и градење мерки за превенција, реализиран од Универзитетот „Свети Кирил и Методиј„ од Скопје, заедно со тим на професори од Филозофскиот факултет.

Дел од предлозите на експертите се: да се разгледа можноста за предметна програма од областа на безбедносната култура во основното, средното и високото образование, да се направи контрола на лесното и мало оружје и да се направи анализа на казнената политика во делот на извршителите на насилство.

Сега е моментот, посочи Ѓуровски, кога се врши пререгистрација на дозволите кај граѓаните и мора да се зајакне контролата на начинот на чување на оружјето и почитувањето на регулативата кај стрелиштата.

„Министерството за правда предлагаме да направи анализа на казнената регулатива во делот на политиката на извршителите на насилство. Предлагаме и да се размисли за воведување на задолжителен тест кај учениците од средно образование и од деветто одделение за наркотични средства, еднаш до два пати во текот на училишната година. Треба да се размислува и за обврски на носителите на медиумски услуги, интернет провајдерите, бидејќи дел од тие дарк страници што се користат, се потенцијален ризик“, рече Ѓуровски.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена