Гостивар
Во училиштата во Гостивар 26 позитивни случаи на корона, во градинките нема заразени

Во детските градинки во Гостивар моментално нема позитивни случаи на коронавирус, ниту меѓу децата, ниту кај воспитувачки. Во гостиварските училишта, пак регистрирани се вкупно 20 заболени наставници и професори и 6 ученици.
Од општинскиот Сектор за образование велат дека состојбата се следи, а при појава на позитивни случаи се преземаат соодветните мерки.
„Во средните училишта 4 професори и 1 ученик се позитивни, додека во основните вирусот е потврден кај 16 наставници и 5 деца. Во градинките, иако на почетокот имаше неколку случаи, моментално нема ниту еден заболен. Во последно време гледаме дека во целата земја, не само во Гостивар се зголемува бројот на заразени. Ова е ризична ситуација, загрижувачки е за сите и секој треба да даде свој придонес во борбата против ковид, со почитување на мерките“, рече Аслијан Снопче, раководител на Сектор за образование Општина Гостивар
Со оглед дека ширењето на вирусот периодов зема се поголем замав, а стартуваше и грејната сезона училиштата ја реорганизираат работата. За да се избегнат контакти, наставниците и професорите кои држат часови онлајн, работат од дома, наместо од училиштето, како што беше до сега.
Првото полугодие од оваа учебна година ќе заврши на 31 декември. Учениците ќе бидат на зимски распуст до 21 јануари 2021-ва.
Од Министерството за образование за сега нема најави за измени во одвивањето на наставата. Децата од прво до трето одделение одат во училиштата, а останатите следат часови преку интернет.
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 2 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Општина Гостивар ќе доделува субвенции за инвертери и велосипеди
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 3 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести