Гостивар
Во училиштата во Гостивар до сега запишани околу 400 првачиња
За десетина дена, колку што се спроведува уписот, во основните училишта на територијата на Општина Гостивар се запишале околу 400 првачиња. Од општинскиот Сектор за образование за Gostivarpress.mk потврдија дека во училиштата годинава бележат зголемени бројки на првоодделенци и дека се очекува надминување на цифрите од претходните години.
„Уписот продолжува до крајот на јуни, а секако првачиња може да се запишуваат и во септември, затоа што имаме семејства кои треба да се вратат од странски држави. Треба да напоменеме дека реонизацијата мора да се почитува, за да не се создаваат проблеми, во некое училиште да се создаваат гужви, а во друго да нема доволно деца.“, вели раководителката на Секторот за образование, Аслијан Снопче.
Од околу 400 деца до сега запишани, околу 230 се во албански, 115 во македонски и 50-тина во турски паралелки.
Уписите на првачињата оваа година поради пандемијата со коронавирус се одвиваат под посебен протокол. Децата доаѓаат во училиштето само со еден родител. Задолжителна е дезинфекција, носење на заштитни маски, како за родителите, така и за уписните комисии. Меѓу присутните треба да се одржува дистанца од два метри, да нема групирања, просториите да се проветруваат и дезинфицираат и друго.
Лани во прво одделение во гостиварските училишта тргнаа 703 деца.
-
Гостиварпред 21 час
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград