Поврзи се со нас

Гостивар

Во земјава до сега над 10.000 дијагностицирани со корона, во регион на Гостивар 372

Објавено

на

Со последната објавена статистика на Министерството за здравство за состојбата со ковид вчера, бројката на дијагностицирани случаи од почетокот на пандемијата достигна 10.086. Од нив, како веќе оздравени пациенти со по два негативни контролни теста се водат 5.427, додека активни случаи моментално се 4.199. Во евиденцијата за коронавирус на надлежните служби запишани се 460 починати граѓани кај кои бил потврдена инфицираност.

Во гостиварскиот регион, што ги опфаќа општините Гостивар, Врапчиште и Маврово Ростуше, вкупно до сега биле дијагностицирани 372 заразени со корона. 126 се оздравени,  223 се активно болни, а 23 завршиле со смртни последици.

Бројот на нови случаи на гостиварското подрачје започна значително да расте од почетокот на месецов, од кога секојдневно се бележат новозаболни. Така сега, Гостивар е меѓу првите пет региони во Македонија по бројот на активно болни, заедно со Скопје, Куманово, Штип и Тетово.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена