Поврзи се со нас

Вести

(втор дел) Осми Март, рамноправност, кој е појак – одговараат Букурије Исеини Гаши, Благица Спасеска

Објавено

на

Букурије Исеини Гаши, пом.директор во економско училиште:

Букурије Исеини Гаши

Колку во денешно време жените се рамноправни со мажите?
– Иако секој ден преку своите претставнички во сојузот на жените или невладините организации жените се трудат да постигнат родова еднаквост со законска регулатива, за жал и до ден денешен тоа не може да се постигне. Нашиот закон треба уште да се менува за да се достигне потребниот процент. Но, јас мислам дека дури и да се регулира законски, сепак под влијание на стереотипите жената уште долго ќе остане „под сенка“.

 Кој е појак пол и зошто?
– Жената денес се докажала дека може да биде рамноправен член на ова општество. Жената може да ја најдете во сите сфери на општеството и таа ги ги врши сите работи што ги врши и машката популација. Затоа јас мислам дека освен физичкиот аспект, женскиот пол е појак!

Што за вас претставува Осми Март?
– 8 Март е денот кога жените треба да го подигнат својот глас за рамноправно позиционирање во ова општетсво, де факто, не само де јуре. Ден на кој треба да се организираат дебати, ко кои учесниците преку нивните дискусии ќе ја подигнат свеста на жените за родовата еднаквост.

Куса порака до женската популација
– Мојата порака е:Ние се раѓаме рамноправни, затоа не дозволувајте да ве дискриминираа, односно немојте и самите да се дискриминирате. Докажете дека и вие вредите, знаете и умеете. Нека ви е честит Денот на жената!

[divider]

Благица Спасеска

Благица Спасеска, вработена во сопствен маркет „Марсини“:

Колку во денешно време жените се рамноправни со мажите?
– Па јас мислам дека во денешно време жените се на исто место со мажите бидејќи времето кога владееше само машкиот пол е минато време. Денес се што може мажот, може и жената, се што прави мажот може и жената, па дури во денешно време жената е поактуелна од мажот.

Кој е појак пол и зошто?
–  Според мене, што се однесува на тоа кој пол е појак мислам дека и тука веќе двата пола се соединуваат бидејќи сме 21 век, кога веќе никој од никого не се плаши, никој од никого не зависи. Останало тоа дека машкиот пол е на прво место, а всушност машкиот пол повеќе се почитува, секако бидејќи е машки.

Што за вас претставува Осми Март?
– 8-ми Март е денот на жената, бабата, мајката – денот на сите жени. Празник кој се уште се почитува и кој се уште се празнува покажувајќи им на нашите најмили колку ни значат и колку ги цениме

Куса порака до женската популација
– Сакајте се секој ден без разлика дали е некој празник или не. Не мора да биде 8-ми март за некому да докажеме колку ни значи. Сакајте се секој момент од вашиот живот бидејќи тој многу брзо поминува. Радувајте ги вашите најмили додека се сеуште меѓу вас, бидејќи верувајте поклонот еднаш годишно ништо не значи, значат моментите со вашите најмили.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена