Поврзи се со нас

Вести

(прв дел) Осми март, рамноправност, кој е појак – одговараат Габриела Петроска, Себајете Зенку, Љубица Савеска

Објавено

на

Љубица Савеска:

Љубица Савеска

Колку во денешно време жените се рамноправни со мажите?
– 90%

Кој е појак пол и зошто?
– Женскиот пол, бидејќи жената е се и во домашни услови и на работа… Во денешно време насекаде доминира жената и се е во нејзини раце иако мажите честопати одрекуваат и знаејќи го тоа не сакаат да ја потценат нивната „машкост како глава на семејството“.

Што за вас претставува Осми Март?
– 8-ми Март светски ден на женскиот – понежниот пол. Ден кој е посветен на жената, на нејзината нежност, нејзината моќ, грижа убавина и милост…

Куса порака до женската популација
Да си дадат меѓусебна благодарност на било каков начин.

Себајете Зенку, претседател на невладина ЕТИКA:

Себајете Зенку

Колку во денешно време жените се рамноправни со мажите?
– Кај нас  жените се рамноправни само спореа законот, а секојдневната ситуација покажува и докажува дека се уште не постои вистинска рамноправност меѓу жените и мажите. Ако се анализира положбата и ситуацијата на жените на сите полиња и на сите нивоа, рурални и урбани среднини, вработени или домаќинки, нерамноправноста е видлива. Насилството врз жените расте секој ден, а рамноправноста е само на хартија.

Кој е појак пол и зошто?
– Зависи за каква сила станува збор, но ако мислиме на физичка сила, мажите досега ја имат докажено таа сила врз жените и другите членови на семејството. Од  друга страна жените  покажаа дека се многу посилни и појаки. Тие се успешни во менаџирање на многу работи како во семејството така и во деловниот сектор. Тие со години се борат со традицијата,  менталитетот и општествените норми кои им се наметнуаат. Се борат и за нивно вклучување во политика и политички партии, иако преку квоти. Но, нивната работа се уште не е завршена, тие својата одлучност и сила ја покажуваат во понатамошен активизам за вистинска рамноправност.

Што за вас претставува Осми Март?
– За мене 8 Март е како секој друг ден во годината, но на овај ден на светско ниво се одбележува борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите.

Куса порака до женската популација
– Жените се паметни, едуцирани, силни. Тие не се ничија сопственост, затоа тие сами треба да одлучаат што сакаат, која е нивната цел и да се потрудаат тоа да го постигнат и да докажаат дека секој ден е 8 март.
[divider]

Габриела Петроска, професор по македонски јазик и лектор:

Габриела Петроска

Колку во денешно време жените се рамноправни со мажите?

– Многу е дискутабилно прашањето за рамноправност. Сѐ зависи од околностите. Ако анализираме воопшто во светот, имаме земји каде жената има многу повеќе права од мажот и е заштитена на сите можни начини, но има земји каде што жените немаат основни права и се целосно подредени на милоста или немилоста на мажите. Во Македонија, повторно сѐ зависи од околностите. Закони за заштита на жените постојат, организации и институции кои ги поддржуваат жените постојат, но колку се спроведува тоа во пракса, зависи од многу работи. Јас лично никогаш не сум се почувствувала обесправено, напротив, имам многу привилегии во секојдневниот живот. Сепак свесна сум дека многу жени околу мене не смеат да забременат за да не бидат отпуштени од работа или мораат да направат нешто, за да не бидат оставени и малтретирани од мажот.

Над сето ова стои фактот што ние жените им испраќаме погрешни сигнали на мажите. Од една страна сакаме да сме понежен пол, да не заштитат, да имаме специјален третман, а од друга страна инсистираме да сме рамноправни. Сакаме да возиме, ама мажот да ни го поправи или исчисти автомобилот.

Кој е појак пол и зошто?

– Жената во секој случај. Зошто?! Затоа што знаеме како. Велат дека жената може двојно подобро да направи сѐ што прави мажот и тоа во високи потпетици и со насмевка на лицето. Силни сме бидејќи се реализираме во животот како мајки, сопруги, работнички или одговорни лица, а истовремено сме и привлечни, посакувани, одмерени и почитувани.

Што за вас претставува Осми Март?

– Сега веќе излитена фраза за Ден на жената. Можеби кога би се празнувал поинаку, со некоја конкретна цел и активност, би имал тежина и значење. Вака, само уште една можност жените да излезат од секојдневието и да си дозволат по некој луксуз. Не дека други денови не го прават тоа, ама сега е со повод.

Куса порака до женската популација

– Топлината на домот и семејните вредности ги создава жената. Може да бркаме кариера и редиме успеси, но пред сѐ да изградиме топло гнездо во кое ќе уживаме со нашите најблиски. Изгледајте убаво, напрскајте се со омилениот парфем, но куќата нека ви мириса на печени кифлички. Можеме! 

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 7 часа

Фолклорот и традицијата во Гостивар како предвесници на празничната велигденска атмосфера

ИЗБОРИ 2024пред 8 часа

Избирачките одбори на 8 мај ќе треба да се реорганизираат, на ИМ мора да бидат по 7 лица, наместо по 5 како до сега

Вестипред 11 часа

Во Венеција од денес 5 евра влез за туристи

Вестипред 13 часа

Сахарска прашина над Турција, предупредувања за ризици

Гостиварпред 14 часа

Напад од бездомно куче во Гостивар

Гостиварпред 15 часа

Градинките во Гостивар се вклучија во Неделата на имунизација-Повисока свест за важноста на вакцините

Македонијапред 16 часа

Синдикатите на Првомајски протест- „Ние работниците“

Македонијапред 17 часа

Минималните трошоци на семејство во април 60.212 денари, скокнале за 20 евра за еден месец

Гостиварпред 18 часа

Лишен од слобода гостиварец за фотографирање на гласачкото ливче

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена