Поврзи се со нас

Гостивар

За една недела 5.456 нови корона случаи во земјава, во Гостивар 160

Објавено

на

Во неделниот извештај за состојбата со коронавирусот во Македонија, Институтот за јавно здравје бележи зголемен број на нови случаи и починати, а намален на оздравени.

Од 8 до 14 март во земјава регистрирани сe 5.456 нови позитивни што е зголемување од 22,2% во однос на минатата недела. Процентот на позитивност се движи од 19,4 до 27,4%, просечно 23,9%. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (2.708) Во регион на Гостивар во тој период потврдени се 160 новозаразени.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (1.434). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 30-39 (1.064), 40-49  (977), 50-59 (916) и 20-29 (698). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (116) и 10-19 години (251).

По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, со статус „оздравени“ се стекнале 2.737 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, со намалување од 29,7% во споредба со минатата недела.

Пријавени се 129 смртни случаи од 21 град, 2,3 пати повеќе во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 110 лицa биле над 60 години, 17 лица на возраст од 50-59 години и две лица од возрасната група 40-49 години.

Според категоризацијата на ризикот и проценката на ситуацијата земајќи ги во предвид индикаторите на СЗО се проценува дека земјава е во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата), подниво 3, со умерени капацитети за одговор.

Со оглед на последователниот зголемен број на нови случаи, по препорака на Комисијата за заразни заболувања, на 09.03.2021 Владата донесе одлука за забрана за движење на населението и на возилата од јавен превоз на територијата во временски период од 22:00 часот до 05:00 часот, почнувајќи од 10 март 2021 година (среда) до 22 март 2021 година (понеделник). Дополнително е донесена одлука за задолжителна домашна изолација (карантин) од 14 дена за сите домашни и странски физички лица, патници од земјите од африканскиот континент кои влегуваат на граничните премини.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена