Поврзи се со нас

Гостивар

За три дена 78 лица во Гостивар ставени во изолација

Објавено

на

Ширењето на коронавирусот на гостиварското подрачје, секојдневно го зголемува и бројот на граѓани кои одат во задолжителна домашна изолација.

Изминатите три дена на вкупно 78 лица им биле издадени решенија за изолација, од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Решенијата се за период од две недели, во кој лицата не смеат да ги напуштаат своите домови.

Според статистиката на Секторот за внатрешни работи Тетово, во изминатото деноноќие полицијата исконтролирала вкупно 306 граѓани во изолација и констатирала дека сите ја почитувале мерката, односно дека немало прекршувања.

Што се однесува до задолжителното носење маски, во текот на изминатото деноноќие, во Гостивар затекнати биле 27 граѓани кои не ја почитувале оваа мерка. За нив се изготвени прекршочни платни налози, согласно член 6 од соодветната владина Уредба. Казната изнесува 20 евра.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена