Поврзи се со нас

Рецепти

За зимница направете си ваков специјалитет, ајвар со шампињони

Објавено

на

    Септември е месецот за подготовка на зимници. Сите добро го знаеме вкусот на традиционалниот ајвар, но оваа година ви предлагаме да пробате и нешто ново, а тоа е ајвар со шампињони. Овој рецепт за ајвар се состои од стандардната комбинација на модар домат и црвени пиперки со додаток на шампињони, се тоа спакувано во тегла за супер појадок за во зима, со извонреден вкус.

    Потребни состојки за ајвар со шампињони:

    • 5 килограми модар домат
    • 10 килограми црвени пиперки за ајвар
    • 2,5 килограми шампињони
    • 1,5 литар доматен сос
    • 1 литро масло
    • 3 чешниња лук
    • 1 шака сол
    • 1 лажица бибер
    • Ловоров лист по желба
    • 1 винобран

    Подготовка:

    Пиперките за ајвар и модриот домат се печат. За полесно да се олупат, оставете ги во сад со капак, половина час. За тоа време, печурките се сечат на мали парчиња и се ставаат да се динстаат. Кога ќе бидат половина готови може да ги тргнете од огнот. Пиперките и модриот домат се лупат и се чистат од семки, а потоа се мелат.

    Шампињоните се мешаат со измелените пиперки и домати, се додава лукот исечкан на мали парчиња, се додаваат маслото, биберот, доматниот сос, солта и ловоровиот лист и се варат на тивок оган. Исто така цело време ја мешате смесата за да не загори.

    Ајварот е готов кога сите состојки се соединиле, а маслото испливало на површина. На крајот се додава винобран и се меша повторно.

    Ајварот се става топол во веќе загреани тегли. Се оставаат малку време во загреана рерна, а потоа  убаво се затвораат и се чуваат на ладно место.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Македонијапред 3 часа

    Потврдени 2 случаи на мајмунски сипаници во Македонија

    Технологијапред 7 часа

    Зошто сè повеќе гледаме два уреди истовремено и како тоа влијае врз нашето здравје

    Македонијапред 8 часа

    Николоски: Стратешкото партнерство со Обединетото Кралство ќе ја доведе Македонија до едно ново ниво

    Македонијапред 12 часа

    За случајот „Онкологија“ обвинети двајца екс директори и четворица лекари

    Македонијапред 13 часа

    Просечната плата во март 44.763 денари, објави ДЗС

    Гостиварпред 15 часа

    Огнен Аќимоски од Гостивар освои 1 место на државниот натпревар по географија со максимални 100 поени

    Гостиварпред 16 часа

    Економското училиште во Гостивар ги промовираше образовните насоки – По 3.500 денари стипендија месечно за секој ученик

    Светпред 18 часа

    Силен земјотрес во Грција, издадено предупредување за цунами

    Видео емисиипред 1 ден

    ВИДЕО | Дојди во Врбен – Во прегратка на планината, во душата на зеленилото!

    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 5 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 6 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 10 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена