Поврзи се со нас

Гостивар

Од кои места се заболените од коронавирус регистрирани во гостиварско

Објавено

на

Статистиката за заболени од Ковид 19 којашто ја објавува Министерството за здравство, а од таму ја пренесуваат медиумите, создава загриженост, но и забуни меѓу граѓаните на Гостивар. Според последните податоци на МЗ од вчера, во Гостивар се регистрирани вкупно 4 заболени. Сепак, дополнително беше објаснето дека станува збор за поширокиот гостиварски регион, не само градот или општината Гостивар, а со овој податок е опфатено и лице од државен карантин хоспитализирано на инфективното одделение во Гостивар.

Градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари информираше дека на инфективното одделение во Гостивар моментално на лекување се наоѓаат двајца пациенти позитивни на корона и тоа од село Добридол и жител од струмичко којшто претходно се наоѓаше во државен карантин во Маврово. Додека третиот заразен е од Калиште од Општина Врапчиште, кој е во домашен карантин со лесна клиничка слика.

Четвртиот евидентиран од страна на Министерството за здравство е медицински техничар од епидемиолошката служба во Гостивар. Сепак, иако првиот тест за корона кај него бил позитивен, дознаваме дека вториот тест е со негативен резултат. За да се утврди точно дали кај него има присуство на коронавирус, ќе се вршат дополнителни тестирања, тој останува во домашна изолација.

Во меѓувреме, вработените во епидемиолошката служба и микробиологија кои биле во контект со колегата се во домашна изолација и ги очекуваат резултатите од тестовите.

За сега не се знае точно кога овие служби ќе бидат повторно отворени.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена