Гостивар
Забрани за паркирање на одредени места во неколку долнорекански села

Општина Маврово и Ростуше и годинава воведува привремена промена на режимот на сообраќајот поради масовното присутво на иселениците кои летниот одмор го минуваат во родниот крај, како и поранешни жители и нивни потомци. Тоа видно го зголемува присуството на патнички моторни возила и го отежнува одвивањето на сообраќајот.
„Со цел да се олесни одвивањето на сообраќајот, Советот на Општината донесе одлука со која се воведува времена промена на режимот на сообраќајот, односно забрана за паркирање возила на дел од сообраќајните површини во населените места Жировница, Требиште, Велебрдо и Ростуше. Одлуката почна да се применува од вчера и ќе трае до 1 септември“, информираа од општината.
Во село Ростуше определени се три паркиралишта за возилата кои вршат такси превоз и може да се задржат во центарот во времетраење од 15 минути.
Со одлуката се задолжува МВР-полициско одделение Ростуше и Полициска станица за гранична полиција-Жировница, да преземат мерки, според Законот за безбедност на соообраќајот, за спроведување на одлуката и регулирање на сообраќајот во споменатите населени места.
Исто така, локалната власт ќе изврши обележување со хоризонтална и вертикална сигнализација во населените места каде што се воведува привремена промена на режимот на сообраќај.
Во летниот период, во родниот крај престојуваат повеќе од десет илјади иселеници, кои главно пристигнуваат со сопствени моторни возила. Главно пристигнуваат од средината на јули и остануваат тука до средината на август.
-
Македонијапред 3 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!