Гостивар
Загрижувачко: Повторно нови случаи на семејно насилство во Гостивар

Изминатото деноноќие регистрирани се два нови случаи на семејно насилство на гостиварското подрачје. Оваа појава зачестува периов и добива загрижувачки размери.
Полицијата соопшти дека ноќеска (6 декември) околу 2 часот после полноќ, полициски службеници на Одделението за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 30-годишниот гостиварец Р.С, кој вечерта околу 23 часот физички ја нападнал неговата 27-годишна сопруга.
Тој е задржан во Полициската станица Гостивар за целосно расчистување и документирање на случајот.
Вчеравечер (5 декември) околу 21 часот и 35 минути, полициски службеници на ОВР Гостивар го лишиле од слобода Ј.Н.(50) од Гостивар, кој дента околу 10 часот физички ја нападнал неговата 47-годишна сопруга. Во нападот, според пријавеното, тој користел тврди, а и се заканил и со остри предмети. Ј.Н. задржан е во Полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот и ќе се соочи со законски предвидениот поднесок, извести СВР.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 месеци
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Занимливостипред 1 месец
Неколку непознати факти за гладијаторите
-
Занимливостипред 2 месеци
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 1 месец
Распоред на дежурни свештеници за Задушница во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава