Поврзи се со нас

Вести

Заладување – Од утре треба да проработи парното греење низ гостиварските училишта

Објавено

на

Топлото време што владееше до сега, го одложи почетокот на грејната сезона во гостиварските училишта, која вообичаено стартува од 15 октомври. Сепак, веќе е најавено значително заладување и спуштање на температурите, што значи дека од утре (22 октомври) ќе биде неопходно училниците да се затоплуваат. Училишните управи велат дека изминатиот период ги извршиле техничките подготовки и не очекуваат проблеми со греењето.

Гимназијата освен за обезбедување на греење на својот објект, е одговорна и за медицинското и економското училиште, со кои има заеднички систем.

„Техничката служба ги изврши сите подготовки, навреме поднесовме барање до општината за потребните количини нафта, веќе е доставена првата тура и сметам дека грејната сезона ќе почне без проблеми“, изјава Џези Камбери, директор на гимназијата во Гостивар.

Неколку гостиварски училишта грејната сезона ќе ја започнат со резервните количини на нафта, кои им останале од минатата година.

На подрачјето на општина Гостивар има 11 основни централни училишта со 20 подрачни како и четири јавни средни школи. Најголемиот дел од нив се затоплуваат со парно на нафта, додека дрва за огрев користат неколку низ селата.

Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена