Поврзи се со нас

Гостивар

Започнаа уписите на полуматурантите во Гостивар

Објавено

на

Денес и утре (16 и 17 јуни) се спроведува првиот уписен рок во средните училишта. Уписите започнаа утрово од 7 часот и ќе траат до 19 часот, а истиот термин ќе важи и за утрешниот ден. Со најновите информации на МОН кои пристигнаа во текот на денот по емитување на објавата, уписниот рок се продолжува за два дена. Средните училишта, (освен оние во кои бројот на пријавени ученици е помал од предвидениот) ќе вршат уписи на 18 јуни во истиот термин од 7 до 19 часот и на 19 јуни во периодот од 7 до 13 часот.

Според конкурсот објавен од Министерството за образование, во средните училишта во Гостивар за учебната 2020/2021 отворени се вкупно 1.938 слободни места за упис во прва година.

Најмногу места се предвидени во средното техничко училиште, вкупно 748. Во медицинското училиште, отворени се 272 места, во средното економско  442, додека во гостиварската гимназија 476.

Годинава поради пандемијата на Ковид 19, запишувањето се одвива под посебен протокол за заштита.

Протоколот предвидува вработените во училиштето задолжително да користат заштитна опрема, маски и ракавици, влезот се организира од една страна, а излез од друга,  страна,  влез само на ученикот, не и на неговиот родител, во посебен случај доколку ученикот е спречен од оправдани причини се овозможува влез само на еден родител/старател, кој при влез во училиштето треба да носи заштитна маска, марама или шал со кои ќе бидат покриени устата и носот, пред влезот во училиштето, внатре во училиштето, во просториите каде се врши запишување и на излез од училиштето мора да има средства за дезинфекција итн.

Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 18 минути

Велковски: Сeкое дете ќе добие Европска детска гаранција

Македонијапред 48 минути

Самит Македонија 2025: Дијаспората подава рака, неопходно е искоренување на корупцијата и стабилни институции

Македонијапред 2 часа

Жителите на Македонија внесуваат 2,4 пати повеќе сол од препорачаното

Македонијапред 3 часа

Средба Азески-Бехтел и Енка: Максимално вклучување на домашните компании во изградбата на коридорите 8 и 10д

Гостиварпред 4 часа

Неовластено снимен разговор со гостиварец завршил на социјални мрежи

Деца Родителипред 7 часа

Семејство-најмалиот, а најважен градежен блок во општеството!

Македонијапред 9 часа

Православен празник во слава на Св.Атанасиј Велики

Гостиварпред 19 часа

Ново раководство на Клубот на млади на Црвен Крст-Гостивар

Занимливостипред 22 часа

Црната боја – признак за привлечност, интелигенција, самодоверба, црвената асоцира на ароганција

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена