Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Запознајте го најдобриот пријател на вашиот желудник – суперлековита билка

Објавено

на

Оние кои се соочуваат со тегоби во желудникот, подуеност и киселини, својот спас може да го најдат во растението морач, латински Foeniculum vulgare, меѓу народот познато како дива миродија или коморач. Од оваа билка се користат сите делови, корен, листови, семе.

Кои се лековитите својства на морачот?

Го помага варењето на храната. Во Индија на пример, луѓето имаат обичај по вечерата да џвакаат семки од морач за полесно варење на храната. Чај од ова растение, ќе ви ја неутрализира киселината во желудникот. Една лажица семки од коморача прелијте ја со 250 мл. врела вода и оставете да одстои од 8 до 10 минути. Потоа процедете и пијте го додека е млак.

Младите родители треба да знаат дека морачот помага при грчеви кои ги имаат повеќето новороденчиња. Може да користите чај или пак масло направено од семето.

Исто така, оваа билка е одлична за женското здравје, поточно ја ублажува болката за време на менструалниот циклус, а делува и за намалување на тегобите во менопауза. Есктрактот од морач има својства како естрогенот, и на тој начин помага во одржување на хормоналната рамнотежа во женскиот репродуктивен систем.

Со редовно користење на чаеви од морач се прави и детоксикација на организмот и се зајакнуваат коските.

Можете да го користите и во салати, супи и да го додавате во готвени јадења како зачин.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена