Поврзи се со нас

Гостивар

Затишје на короната во Гостивар, лекарите со апел за празниците да се почитуваат мерките

Објавено

на

Бројката на активно заразени со коронавирус на гостиварското подрачје падна на околу 570. Моментално владее состојба на затишје. Намалени се бројките на новозаразени, хоспитализирани пациенти со ковид, како и на случаите со смртни последици. Лекарите сепак предупредуваат дека опасноста од ширење на вирусот не е за занемарување, со оглед дека периодов има зголемена фреквенција на луѓе поради доаѓањето на печалбарите.

„Може да кажеме дека сега имаме благо затишје, помал број нови потврдени, помалку на болничко лекување, смртните случаи драстично намалени, а повеќе излекувани. Ова укажува дека состојбата е потсмирена. Но, поради моментот што овој период има голем наплив на сограѓани дојдени од странство и има повеќе движење, би ги замолил сите, да празнуваме заедно, но одговорно. Да ги почитуваме препораките и мерките на носење маски, без поголеми прослави и собири“, вели д-р Јакуп Јакупи, директор на општата болница „Д-р Ферид Мурад“ во Гостивар

Гостивар доживеа силен ковид удар во текот на ноември, со високи дневни бројки на нови случаи и скоро исполнети болнички капацитети. Ако во празничниот период се однесуваме одговорно и ги почитуваме основните заштитни мерки, ќе се спасиме од нов корона бран, нагласува Јакупи.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена