Поврзи се со нас

Македонија

Затвор за професори од Eкономски факултет кои барале пари и сексуални услуги за оценки

Објавено

на

Професорите Славе Ристевски и Драге Јанев добија по две и пол години затвор, професорот Бобек Шуклев доби две години затвор, демонстраторот Драган Денковски доби условна казна од две години, а професорот Стојан Дебарлиев е ослободен од обвинението, за случајот „Еразмус“. Кривичниот Суд во Скопје пресудите ги донесе денеска.

Професорите барале и примале поткуп од 500 до 1.000 евра за да им пишат преодна оценка за положен испит на студенти без знаење, а според обвинението, имало случаи кога студенти добиле шестка иако немале право да го полагаат испитот или не им бил пријавен во таа испитна сесија.

„Драги Јанев интервенирал кај своите колеги да извршат дејствија што не смееле да ги извршат. Презел дејствија за полагање испити и барал сексуални услуги од студентот. Тој барал оценки кај Славе Ристески. Од видеоматеријалите можеше да се види односот на овој професор со студентите. Професорот побарал поткуп за Математика за економисти за 600 евра, а студентот дал 500 евра на сведокот Дејан Трајковиќ. Преку обвинетиот, Драган Денковски побарал 800 евра за полагање на уште еден испит. Судот утврди дека се работи за план и шема разработени од професорот. На посочените студенти УЦП 01 и УЦП 02 им напишал шестки, иако тие немале потребно знаење за да го положат“, кажа судот.

На сите професори изречена им е мерка забрана за вршење професија, дејност и должност во треање од 10 години. Еразмус случајот беше покренат во јуни 2017-та година.

Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена