Поврзи се со нас

Македонија

АХВ: Не купувајте неодобрена диетална храна, додатоци, чаеви преку интернет

Објавено

на

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги интензивираше активностите за заштита на правата на потрошувачите при on line продажба на прехранбени производи, како и на производите од групата додатоци во исхраната, храна за диети, чаеви и слични производи наменети за специфични категории потрошувачи, како што се малите деца и спортистите.

„Во овој период, исклучително популарна е продажбата на храна наменета за спортисти, која покрај регистрираните увозници и трговци, според анализите на Одделението за спречување на измами со храна при АХВ, нелегално се продава и преку социјалните мрежи.  Како одговорна институција за безбедноста на храната и заштитата на здравјето на потрошувачите, апелираме до граѓаните да внимаваат при on line набавката на овој тип храна, бидејќи покрај во легалната продажна мрежа и преку Е – продавниците, преку социјалните мрежи нелегално се продава и храна за спортисти која не е одобрена од Агенцијата за храна и ветеринарство и не е безбедна. Ваквите производи покрај тоа што претставуваат нелојална конкуренција на легалните домашни производители, увозници и трговци, сериозно може да го загрозат здравјето на граѓаните. Апелираме до потрошувачите да се воздржат од набавка на овој тип храна преку социјалните мрежи, каде таа најчесто нелегално се нуди и продава.“, соопшти АХВ.

На интернет страната на Агенцијата за храна и ветеринарство www.fva.gov.mk, потрошувачите може да проверат дали одреден производ од оваа категорија кој планираат електронски да го набават, е одобрен од АХВ, а со тоа е и безбеден за употреба.

Регистарот на производи кои ги исполнуваат посебните барања за безбедност како додатоци на исхрана 

Регистар на производи кои ги исполнуваат посебните барања за безбедност како храна за посебна нутритивна употреба

 

Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена