Поврзи се со нас

Македонија

Заврши мерката „гарантирана цена“ – Најавени засилени инспекции, но се бара и совест од трговците

Објавено

на

    Инспекторите од денеска ќе ги засилат контролите на трговците и производителите за да утврдат и санкционираат евентуално драстично поскапување на прехранбените производи кои од денеска се продаваат без гарантирана цена.

    Инспекцискиот совет најави дека ќе ја следи состојбата со цените на прехранбените производи по прекинување на важноста на мерката за гарантирани цени, но порача и дека треба малку да се остави и на совеста на производителите и на трговците кои треба да бидат во функција на граѓаните.

    Сведоци сме дека Државниот пазарен инспекторат во изминатиов период беше активно на терен и тоа најдобро можеа да го почувствуваат граѓаните бидејќи постојано ги контролираше гарантираните цени. Сега малку да оставиме и на совеста на субјектите на надзор, односно на производителите и на трговците. Во очекување сме на донесување на системско решение на Законот за забрана на нефер трговски практики особено во трговијата со земјоделски и прехранбени производи. Секако, инспекторите од Пазарниот инспекторат и понатаму будно ќе ја следат ситуацијата на терен и се надеваме дека и субјектите на надзор, односно маркетите ќе бидат во функција на граѓаните, изјави вчера претседателката на Инспекцискиот совет Даниела Рендевска.

    Директорот на Пазарниот инспекторат Горан Трајковски, пак, најави дека ќе биде санкциониран секој кој ќе применува нечесни трговски практики.  И тој апелираше до трговците на мало и на  големо, да бидат општествено одговорни и да ги прилагодат цените во согласност со стандардот на граѓаните.

    Никој не е над законот, а оној кој ќе применува нечесни трговски практики и ќе ги прекрши законите, ќе биде санкциониран, а во зависност од сторениот прекршок, заклучно со денес, постои можност и за затворање на објекти за вршење дејност на определен временски период, истакна Трајковски во објава на Фејсбук.

    Претходно, вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи порача трговците да се однесуваат етички, но  и да реагираат Комисијата за заштита на конкуренцијата и Организацијата за заштита на потрошувачите. Најдоброто решение,  како што укажа, е да се донесе законот  против примена на нефер трговски практики, што е во Собранието.

    Од Министерството за економија исто така соопштија дека ќе се чека да се изгласа законот и оти со него ќе се стави ред во нелојалната конкуренција во трговијата и ќе доведе до намалување на цените на прехранбените производи. Предложениот закон ја помина првата фаза во Собранието.

    Голем број прехранбени производи означени со „гарантирана цена“ од 20 септември лани се продаваа во маркетите по цена за 10 проценти пониска од износот на 1 август лани, согласно одлуката на Министерството за економија, чија важност заврши.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Македонијапред 4 дена

    9 мај – Ден на победата над фашизмот

    Македонијапред 4 недели

    Православен празник Цветници, предвесник на Велигден

    Светпред 3 недели

    Рускиот претседател Путин објави велигденско примирје – запираат сите воени операции

    Видео емисиипред 3 недели

    ВИДЕО | Пчеларката Весна од Гостивар и нејзините вредни пчелки

    Што, како, каде?!пред 4 недели

    „Ла Шишко 3“ со повторно отворени врати за љубителите на слатки задоволства

    Гостиварпред 4 недели

    „Браќа Ѓиноски“ со Велигденски концерт на Велики Четврток

    Културапред 4 недели

    Да се претстават обичаите, да се задржи традицијата! Велигденски концерт со ора и песни во Гостивар

    Културапред 4 недели

    Изложба на фотографии со културното наследство на Гостивар – Да се знае, почитува и чува!

    Гостиварпред 4 недели

    Гостиварски театар ги подготвува претставите „Манијак“ и „Цилиндар“

    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 4 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 6 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 9 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена