Поврзи се со нас

Македонија

Здравствените власти со препораки за заштита од болести при патување

Објавено

на

„Без разлика каде одите – планински предели, плажи или раздвижени градови – започнете ја вашата авантура подготвени“, порачуваат од Институтот за јавно здравје од каде излегоа со препораки за заштита од заболувања при патување.

Надлежните советуваат пред патувањето, граѓаните да се запознаат со дестинацијата и со  можноте здравствени ризици.

„Контактирајте го Центарот за јавно здравје надлежен за местото каде живеете за да добиете информација за тоа дали ви се потребни некои лекови или дополнителни вакцини за дестинацијата каде ќе патувате. Исто така, доколку спаѓате во групата на лица кои имаат хронични заболувања (заболувања на органите за дишење, срцето, црниот дроб, бубрежни заболувања, дијабет, намален имунитет од било кое заболување) побарајте совет од вашиот матичен лекар или специјалист, кој ќе го процени ризикот од патувањето“, стои во соопштението.

Од Институтот потсетуваат дека во повеќе земји од соседството и во други популарни дестинации  (Грција, Србија, Косово, Албанија, Бугарија, Хрватска, Италија, Франција, Шпанија, Португалија и многу други европски земји) во моментов има епидемии на мали сипаници, поради што потсетуваат дека не треба да се патува без заштита, односно невакцинирани.

Препораките на ИЈЗ за време на патувањето се:

  • Конзумирајте безбедна храна и вода за пиење.
  • Јадете само храна која е добро зготвена и се служи веднаш (топла).
  • Јадете овошје и зеленчук што сте го измиле со безбедна вода или сами сте го излупиле.
  • Пијте вода или газирани пијалаци кои се флаширани и запечатени или многу топло кафе или чај.
  • Користете мраз направен од флаширана или дезинфицирана вода.
  • Мијте ги рацете често и долго со сапун и вода.
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена