Поврзи се со нас

Гостивар

Желба или потреба? Околу 45% од трудниците во Гостивар раѓаат со царски рез

Објавено

на

Гостиварки се почесто се породуваат со операција-царски рез, отколку по природен пат. Според податоците на гинеколошко-акушерското одделение во болницата во Гостивар, минатата година од вкупно 674 раѓања, околу 300 или 45% биле со царски рез. Лекарите оценуваат дека тоа е прилично висок процент, но нагласуваат дека ваков тренд постои и во останатите градови во Македонија, а и глобално расте бројот на жени кои бебињата ги донесуваат на свет со царски рез.

„Бројката е малку висока за една провинцијална болница, но тоа е веќе светски тренд. Околу причината зошто жените преферираат царски рез, може да се каже дека некогаш нема соработка и е лоша комуникацијата на релација доктор-пациентка, или пак трудницата претрпела некој стрес за време на бременоста, па има страв од породување по природен пат и бара царски рез.“ , вели раководителот на гинеколошко-акушерското одделение д-р Агим Јакупи.

Стручњаците предупредуваат дека царскиот рез е сериозна акушерска операција, која  има и свои ризици. Затоа, трудниците не треба да се водат по своите желби и стравови, туку по реалните потреби. „Жените не треба да го гледаат царскиот рез како привилегија при раѓањето, ниту пак да сметаат дека природното породување е мачење. Мора да соработуваат со докторот и да ги слушаат советите“, велат лекарите.

Царскиот рез е најчестата хируршка интервенција во болничките установи во Македонија.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена