Гостивар
Жртвата на претепување до смрт во Германија е момче од Жировница
Македонски државјанин во саботата околу 2 часот по полноќ бил претепан до смрт по претходна расправија со двајца Еритрејци на возраст од 25 и 29 години, во Есен, Германија, јави германскиот весник „Билд“.
Инцидентот, како што пренесува „Билд“ се случил во центарот на градот, каде по претходна расправија двајцата Еритрејци го нападнале и тепале со пивско шише, додека тој не колабирал, по што заминале кон централната железничка станица. Македонскиот државјанин, кој веќе бил во несвест, го пронашол случаен минувач, кој се обидел да му даде прва помош. Тој бил однесен во болница, но по кратко време починал од сериозноста на повредите, рече портпаролот на полицијата, јави германски „Билд“.
На социјалните мрежи во групи и на фан страни се споделува информација дека жртвата е Емре Исмаили, 32 годишен жител на Жировница, кој бил на привремена работа во Германија. Пријатели, познаници, соселани изразуваат жалење, тага и сочувство до семејството.
Поради добриот опис на сведокот, полицијата го уапсила едниот од осомничените (25) на станицата во Есен, а другиот (29) во станицата во Милхајм. Обдукцијата на телото покажала дека причината за смртта е повреда од тап предмет.
Случајот го испитува Јавното обвинителство во Есен, но засега е нејасно која е причината за расправијата меѓу тројцата мажи.
-
Гостиварпред 3 месеци
Стани успешен техничар за е-трговија, дигитален маркетинг и угостителство, сметководител, банкар, правник – запиши се во СЕОУ Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостиварецот Гоце Димовски нов директор на Дирекцијата за ТИРЗ
-
Гостиварпред 1 месец
Преполно инфективното одделение во Гостивар, труењата со храна зачестени
-
Рецептипред 2 месеци
Наједноставниот рецепт за плескавици од тиквички е сѐ што ви треба во овие топли денови за супер брз ручек и совршен вкус!
-
Гостиварпред 2 месеци
Жител на Добридол измамен за 2700 денари на пазар во Тетово
-
Гостиварпред 3 месеци
MINT fintech group и во Гостивар: Менувачница, Осигурување, Инвестициски решенија, Дигитални плаќања, Кредити..
-
Гостиварпред 3 месеци
Долга традиција на незаменлив вкус, „Ла Шишко“ со нов локал во Гостивар
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | ИНТЕРВЈУ со д-р Стојо Бошкоски