Поврзи се со нас

Македонија

ЗНМ во Брисел ги пренесе барањата од новинарскиот протест

Објавено

на

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) денеска информираше дека на средбите во Брисел ги пренеле барањата од неодамнешниот новинарски протест. „Безбедни новинари и сниматели, крај на неказнивноста на напаѓачите врз новинарите, крај на агресивниот „ПР“ на Владата и на омаловажувачкиот однос на политичарите кон медиумските работници, итно формирање на фонд за квалитетни медиумски продукти, беа дел од темите што претставниците на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) ги истакнаа за време на посетата на Европскиот парламент и Европската комисија во Брисел“, посочуваат од ЗНМ.Претставници на ЗНМ во Брисел имаа директни средби и разговори со пратеници од Европскиот парламент и претставници од Директоратот за проширување при Европската комисија на теми поврзани со правата на новинарите во земјава и условите во кои работат медиумите.„Како важни прашања за евроинтеграцијата на државата беа посочени неколку конкретни работи и тоа: законскиот контекст и (не)имплементацијата на медиумските закони, потоа економскиот статус на медиумите и новинарите како предизвик во вршење на нивната работа, трето прашања поврзани со безбедноста на медиумските работници и четврто можноста да се формира фонд за новинарски продукти“, се наведува во соопштението од ЗНМ.

Претставниците на ЗНМ, Младен Чадиковски и Драган Секуловски и европратеникот Илхан Ќучук, кој е известувач за земјава во Европарламентот, се согласиле дека се потребни итни чекори за подобрување на состојбите, за што, како што било речено на состанокот, новинарската заедница има поддршка од Европарламентот.

„Новодонесените закони, што се важни за медиумските работници, како што е Законот за граѓанска одговорност од клевета и навреда и Законот за измена на кривичниот закон се позитивни чекори, но не смее да се дозволи да има уназадување во другите процеси важни за слободата на медиумите“, било истакнато на средбата.Од ЗНМ информираат дека се одржала и средба со претставникот на Европската комисија Виктор Тилев, при што било оценето дека пред земјата стојат многу предизвици од аспект на новинарските прашања.Европските претставници, како што посочуваат од ЗНМ, се согласиле дел од овие барања да ги адресираат и како дел од идните активности на Брисел со Скопје.Посетата на ЗНМ е во рамки на редовните активности на мрежата „SafeJournalists“, која застапува повеќе од 8.200 медиумски работници во Западен Балкан во која освен ЗНМ, членки се здруженијата на новинари од Белград, Приштина, Сараево, Загреб и новинарскиот синдикат од Подгорица.

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 4 недели

Кривични за бесправно градење во Гостивар со фалсификување исправи, перење пари, злоупотреба на должност…

Гостиварпред 2 недели

ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар

Гостиварпред 2 дена

Комуналец Гостивар по прекинот во водоснабдувањето: Водата од градскиот водовод да не се пие

Гостиварпред 2 недели

Гостивар е се‘ уште без вода, се комплицирала работата на терен, екипи санираат дефект

Гостиварпред 2 недели

Утре во Гостивар ќе нема вода повеќе часови

Гостиварпред 3 недели

45 семејства во Гостивар конечно добија клучеви од социјалните станови

Гостиварпред 1 недела

Автопатот Тетово-Гостивар ќе почне да се гради на 22 април, ќе чини 125 милиони евра според првична пресметка

Македонијапред 3 недели

Пред општинската зграда во Ростуше покрај македонското поставено и турското знаме

Гостиварпред 5 дена

Во понеделник дел од Гостивар 5 часа без струја, ќе биде исклучено и училиште

Популарно изминативе 100 дена