Поврзи се со нас

Магазин

Зошто често не можеме да се сетиме на нечии лица?

Објавено

на

Студија направена во Шпанија ја поврзува тежината на новороденчето со способноста да се присети на нечии лица подоцна во животот. Децата кои се раѓаат со тежина под просечната, можат да имаат оштетувања во делот на мозокот одговорен за визуелни информации.

Во екстремни случаеви може да дојде до пореметување, познато под името просопагносија, односно, неможност за препознавање лица. Луѓето кои патат од ова пореметување немаат проблеми со препознавање на други работи.

 На секој од нас му се случило да налетаме на човек на кој не можеме едноставно да се сетиме од каде го познаваме, но ако редовно ви се случува, можеби постои објаснување зошто. И можеби е поврзано со тоа колку тешки сте се родиле.

Оние кои страдаат од просопагносија не ги препознаваат пријателите, семејствата, па дури некогаш ни своето сопствено лице. Околу 2,5 отсто од популацијата е погодена од оваа болест до некој степен. Холивудскиот актер на пример, Бред Пит и комичарот Стивен Фрај се некои од познатите лица кои признале дека патат од вакво пореметување.

Д-р. Викторија Пуејо, педијатар од Шпанија, која ја водела оваа студија вели дека кај повеќето случаеви ефектот е мал, но може да доведе до проблеми во социјални ситуации. Таквите деца имаат потешкотии во многу активности, не ги препознаваат пријателите во училиште. Тешко им е во толпа да си ги пронајдат родителите или да интерпретираат изрази на лица.

На деца на возраст од 5 до 15 години им биле покажувани слики од лица и им била означувана нивната способност да ги препознаат. Децата кои биле родени предвремено и имале мала тежина препознавале само две до три покажани лица.

Многу од овие потешкотии остануваат незабележани додека децата се мали, но во подоцнежниот живот ова пореметување бара зголемен напор и предизвикува поголеми тешкотии во справувањето со секојдневниот живот.

 

во соработка со e nauka

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена