Гостивар
Зошто МОН ги повлече решенијата за враќање на директорите на училиштата во Гостивар?

Министерството за образование и наука во саботата соопшти дека ги повлекува решенијата за враќање на старите директори на училиштата во Гостивар. Тоа значи дека училиштата, за сега остануваат под раководство на кадрите кои ги постави општина Гостивар.
Смените на директорските места почнаа минатата недела и старите директори беа вратени во седум, од вкупно 16 училишта. МОН тогаш излезе со објаснување дека оваа постапка произлегла од одлуката на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, која диктирала директорите што биле разрешени на незаконски начин да се вратат на нивните работни позиции. Локалната самоуправа реагираше преку прес конференција и постапката ја нарече политичка одлука.
Во образложението за повлекување на решенијата МОН наведува:
„Повлекувањето на одлуките на МОН се потпира на целта, заложбите и максималниот ангажман изборниот процес да се одвива на најдобар можен начин, во мирна и коректна атмосфера, со цел да се избегне секое алиби и обид за оцрнување на овој многу значаен процес за општеството и земјата. Оваа одлука на Министерството за образование и наука доаѓа без оглед на фактот што се работи за една чиста правна ситуација во која се констатирани прекршувања на законот од страна на градоначалникот на Гостивар. Како Министерството за образование и наука, така и градоначалникот на општина Гостивар, се обврзани целосно да ја почитуваат одлуката на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен и да постапуваат согласно истата. Уште еднаш нагласуваме дека МОН е институција која дејствува само во согласност со законот и согласно одлуките на институциите и другите соодветни органи за контрола, надзор и одлучување во одредени ситуции, како што е конкретната во општина Гостивар. По извршените инспекциски надзори од страна на Државниот просветен инспекторат беа констатирани низа нерегуларности и непочитување на законите од страна на градоначалникот на Гостивар и на локалната самоуправа во врска со процедурите за разрешување и именување на директорите на училиштата. Постапката во рамки на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, каде и беа констатирани направените прекршувања од страна на градоначалникот на општината, беше иницирана од самите разрешени директори.“, стои во сооптението.
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 2 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 3 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?