Деца Родители
Децата и проблемите со спиењето
После долгиот ден, без оглед на тоа дали работите надвор или во вашиот дом, последно што сакате е секојдневната „борба“ со вашите деца да одат во кревет во пристојно време, без разлика колку години имаат. Голем број на родители имаат проблем со тоа. Децата кои треба да спијат секогаш имаа изговор: Жеден сум, морам во wc, заборавив нешто да ти кажам итн.
Најдобрата теорија за легнувањето на децата во кревет е дека треба порано и секојдневно во исто време да се принудуваат на спиење. Нивното плачење не треба да ве спречи да го заспиете детето, со тек на време тоа ќе сфати дека вие го правите најдобротот за него и за тоа ќе ви биде благодарно.
Оставете го детето во кревет, ако плаче почекајте за момент, а потоа проверете го. Ако е се во ред, освен тоа дека не сака да спие, оставете го во креветот без зборување или било каква интеракција со него, покријте го со прекривката и излезете. Децата ја обожуваат реакцијата на своите родители, затоа треба да бидете построги кога е во прашање спиењето и без да чувствувате грижа оставете ги да заспијат. Тие мора да спијат за да пораснат и правилно да се развијат. Можеби оваа рутина често ќе морате да ја практикувате додека се помали, само издржете и ќе ги видите резултатите.
За постарите деца, кои излегуваат од соба, фатете ги за рака и вратете ги назад во кревет без коментар, покријте ги и не зборувајте ништо. Ова можеби ќе треба да го повторувате многу пати, но ако не се предадете ќе постигнете успех. Истиот начин практикувајте го за децата кои стануваат среде ноќ и доаѓаат во вашиот кревет. Уште еден совет- почнете за викенд, или кога ќе имате помалку обврски, зошто на почетокот ќе биде напорно.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар