Поврзи се со нас

Еден ден со..

ЕДЕН ДЕН СО: Андреа Андреевски, техничар по електроника и телекомуникации

Објавено

на

„Метал музиката и ММА ги ослободуваат „демоните“ од мене!“

 Кои се твоите утрински ритуали и навики?

Единствен ритуал кој наутро го имам е утринското кафе. Иако рано ми почнува работниот ден околу 7:30 часот во компанијата во која работам, веќе во 8:00 по основните подготовки на работното место јас пијам кафе со пријателите. Практично паузата за доручек кај мене е пауза за кафе.

Како и со какви обврски ти поминува работниот дел од денот?

Обврски безброј. Секој ден различен од другиот, различни обврски, различни луѓе. Работата во Телеком е мошне динамична и непредвидлива. Секогаш си на различно место и се соочуваш со различни проблеми и предизвици. Буквално од качување на бандера до работа на компјутер.

Со што го исполнуваш слободното време?

Слободно време речиси и да немам. И тоа малце што останува, гледам да го поминам со децата. Тие секогаш имаат нешто интересно да понудат.  За себе оставам по некој ден годишно за риболов и неколку пати неделно тренирам ММА.

  

Откриј ни нешто од листата на неостварени желби?

Листата на неостварени желби е доста голема, но од оние остварливите би ги издвоил купување на моторцикал (bike) и патување на некоја егзотична дестинација(Бразил, Тајланд или Јапонија).

Каде го наоѓаш спојот меѓу љубовта кон метал музиката и спортот како ММА?

И двете работи се доста слични, интензивни, агресивни, напорни и на некој начин метафорички кажано ги ослободуваат демоните од мене.

Концерт што ќе го памтиш цел живот е…

,,Big 4,, 2010 во Софија. Да појаснам, меѓу другите групи кои настапуваа на доста големиот 12 часовен концерт беа и големата четворка на Trash Metal-от како што е наречен и самиот настан. Свои настапи имаа Antrax, Megadeth, Slayer и Metallica на крајот се разбира. Високо професионален сценско музички спектакал, не знам дали точно го опишувам, но сепак сигурен сум дека ми остави најголем впечаток од сите останати концерти кои сум ги посетил.

Кое е твоето животно мото?

Можеби малце брутално звучи, но има доста вистина во него. Моето животно мото е: Сите ќе умреме еден ден, но сите останати денови треба да се одживеат.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 7 часа

Фолклорот и традицијата во Гостивар како предвесници на празничната велигденска атмосфера

ИЗБОРИ 2024пред 9 часа

Избирачките одбори на 8 мај ќе треба да се реорганизираат, на ИМ мора да бидат по 7 лица, наместо по 5 како до сега

Вестипред 11 часа

Во Венеција од денес 5 евра влез за туристи

Вестипред 13 часа

Сахарска прашина над Турција, предупредувања за ризици

Гостиварпред 14 часа

Напад од бездомно куче во Гостивар

Гостиварпред 16 часа

Градинките во Гостивар се вклучија во Неделата на имунизација-Повисока свест за важноста на вакцините

Македонијапред 16 часа

Синдикатите на Првомајски протест- „Ние работниците“

Македонијапред 17 часа

Минималните трошоци на семејство во април 60.212 денари, скокнале за 20 евра за еден месец

Гостиварпред 18 часа

Лишен од слобода гостиварец за фотографирање на гласачкото ливче

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена