• Дата: 14/02/2018

Нова лавина кај Бигорски – патот повторно блокиран

Сообраќајот на регионалниот пат Маврово-Дебар, близу Бигорскиот манастир повторно е во целосен прекин. Како што информира полицијата, утрово паднала нова поголема лавина од снег и дрвја, во близина на лавината од вчера.

Синоќа првата лавина беше исчистена и сообраќајот нормализиран, но утрово повторно нема услови за движење на возила.

Градоначалникот на општина Маврово Ростуште, Медат Куртовски на својот фејсбук профил објави видео со коментар дека ситуацијата е сериозна и со апел институциите што побрзо да реагираат.

Инаку, целиот мавровско-рекански регион од синоќа е без струја.

Оставете коментар

Вашата Емаил адреса нема да биде објавена.Задолжителните полиња се означени *

*