Вести
Опасната традиција на славење со пукање во гостиварско продолжи и летото
Двајца млади гостиварци летово завршија со сериозни повреди од куршуми испукани на семејни веселби. Едниот, додека и самиот бил дел од свадбата, а другиот додека се возел по пат на трактор.
Летниот период, во Гостивар секојдневно се слушаат рафали од огнено оружје. Пушките и пиштолите се неизбежен реквизит во славењето и се користат без да се мисли на последиците, кои некогаш може да бидат и фатални. Апелите и предупредувањата на надлежните за воздржување од употреба на огнено оружје при семејни прослави, не допираат до славениците.
Статистиката од минатото лето покажува дека полицијата поднела две кривични пријави против лица кои пукале на свадби и се сомничат дека се одговорни за нанесување повреди. Регистрирани биле и десетина оштетувања на автомобили или објекти од заталкани куршуми.
Како најцрно, по опасната традиција на славење со пукање, Гостивар ќе го памети летото во 2015-та година кога заталкан куршум усмрти десетгодишно дете.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар