Поврзи се со нас

Технологија

После 32 години Microsoft го укинува Paint

Објавено

на

Новите ажурирања на Мајкрософт 10 ќе донесат многу новини, но и ќе стават крај на една од најкористените алатка од почетоците на Windows – Paint.

Откако првата верзија на Paint излезе во 1985 година, оваа алатка претставува една од првите графички едитори користена од многумина и стана суштински дел од Windows. Почнувајќи го животот со монохроматска верзија од еден бит, Paint дури во 1998 година можеше да ги зачувува фајловите во JPEG формат.

Со објавување на Windows 10 Creators Update, во април, Мајкрософт го претстави новиот Paint 3Д, кој е инсталиран заедно со традиционалниот Paint и нуди едитирање на 3Д слики, како и на обични фотографии. Но, тоа не е ажурирање на оригиналниот Paint и не се однесува како таков.

Мајкрософт соопшти дека заедно со Outlook Express, Reader app и Reading list, Paint е додаден во листата на „отстранети или застарени“ алатки.

Иако Paint никогаш не беше најспособната апликација, во ситуациии кога биле потребни ситни корекции, едитирања и скратувања на сликата, беше одлична алатка.

Последната верзија на Paint за Windows 7 беше многу подобрена, но и понатаму се сметаше за далеку послаба од останатите бесплатни алтернативи како Paint.NET.

Од Мајкрософт се уште не соопштуваат кога официјално ќе ја повлечат својата најдолготрајна алатка досега.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена