Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Сите го сакаат: Бабин колач со афион

Објавено

на

Потребно е:
-2,5 дл минерална вода
-1 лажица сув квасец
-2 лажици шеќер
-2,5 дл масло
-600 гр брашно

Фил од афион (мак):
-250 гр мелен мак
-125 гр шеќер во прав
-150 гр џем од сливи

Фил од ореви:
-250 гр мелени ореви
-125 гр шеќер во прав
-150 гр џем од кајсии

Глазура:
-џем од кајсии
-мелени ореви

Подготовка:
Во 2,5 дл млака минерална вода ставете лажичка сув квасец, откако ќе надојде 5 минути, додадете 2 лажици шеќер, 2,5 дл масло и брашно. Замесете го тестото и поделете го на 3 дела.
Помешајте 250 гр мелен мак со 125 гр шеќер во прав. Помешајте 250 гр мелени ореви со 125 гр шеќер во прав.
Еден дел од тестото ставете го во подмачкан калап, над него премачкајте 150 гр џем од сливи и распоредете ја мешавината од мак и шеќер.
Потоа ставете ја следната кора, па премачкајте со џем од кајсии и ставете ја мешавината од ореви и шеќер. Ставете ја третата кора, почекајте да нарасне околу 30 минути, на неколку место избоцкајте го целиот колач со чепкалка за заби. Печете 30 минути на 180 степени. Испечениот колач превртете го, така што делот со мак биде најгоре. Додека е топло премачкајте го со џем од кајсија и посипете со мелени ореви.

 

 

 

 

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена