• Дата: 09/02/2018

Србиновски: Не чека тежок натпревар, со максимално залагање и борба може да се надеваме на позитивен резултат | КК Гостивар – Блокотехна

Првиот посериозен предизвик во вториот дел од сезоната. Екипата на КК Гостивар во сабота од 18 часот, го пречекува изненадувањето на досегашниот дел од превенството екипата на Блокотехна од Гевгелија. Одличен старт на сезоната за гевгеличани како во првенството така и во БИБЛ лигата. Со 13 победи и само 2 порази Блокотехна се наоѓа на второто место од Првата Македонска лига, додека во меѓународното натпреварување БИБЛ е лидер на табелата.

Новоформираната и амбициозна екипа на Блокотехна ја немала честа да гостува во Гостивар до сега. Ова ќе биде прв пат да играат пред гостиварска публика, во првиот меч беа поуспешни во Гевгелија.

Кај гостиварци Марјан Србиновски за овој меч ја има комплетната екипа на располагање, нема повредени играчи. “Во сабота не очекува многу тежок натпревар, екипата на Блокотехна игра константно добро. Ние имаме промени во екипата што ќе ни треба време целосно да се уиграме, но имаме 40 минути пред нас, со максимално залагање и борба може да се надеваме на позитивен резултат”, ни изјави тренерот Србиновски на вчерашниот тренинг.

Поддршката од трибините на овој меч на “бело-сините” им е повеќе од потребна. Кошаркарите, тренерот, управата ги повикуваат сите љубители на кошарката од Гостивар, да дојдат и дадат поддршка на овој натпревар.

Влезниците се пуштени во продажба може да се набават во: Royal Garden, Сендвичара М, Baby Blue, Pizza Mia, People и Intermezzo. Натпреварот започнува од 18 часот.

Оставете коментар

Вашата Емаил адреса нема да биде објавена.Задолжителните полиња се означени *

*