Поврзи се со нас

Македонија

Мајка и четири деца загинаа во пожар во Тетово

Објавено

на

Пет лица, мајка и четири малолетни деца, најверојатно се жртви на големиот пожар што утрово околу 3 часот и 30 минути ја зафатил куќата на семејството Зулбеари на ул. „Гоце Делчев“ бр. 185 во Тетово, според изјави на соседите и членови на семејството.

Според нивните кажувања, жртвите се Фатиме Зулбеари (39), а децата се на возраст од четири до 13 години, три машки и едно женско. Сопругот и татко бил ноќен чувар и не бил во домот кога се случил пожарот.

Во моментот се врши увид на лице место од страна на јавен обвинител, лекар по судска медицина и екипа на СВР – Тетово.

Командирот на тетовската Територијална противпожарна единица Ука Алити информираше дека пријавата за пожарот кај нив пристигнала во 4 часот и 15 минути од страна на лице по што на самото место интервенирале четири противпожарни возила и 13 пожарникари.

„Во моментот кога дојдовме три куќи беа зафатени од пламените јазици, од кои на средната покривната конструкција беше целосно изгорена. Бидејќи куќите се една до друга и од постар датум, имаше опасност пожарот да ги зафати и другите куќи, меѓутоа со максимално залагање спречивме проширување на огинот на соседните објекти“.

Од полиција велат дека засега не се знае причината за избувнувањето на пожарот.

Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 7 часа

Љупчо Палевски Палчо спроведен во Истражниот затвор во Шутка

Занимливостипред 10 часа

Како да ја одберете вистинската книга за читање?

Вестипред 12 часа

Словачкиот премиер Фицо во животозагрозувачка состојба откако беше пукано во него

Македонијапред 13 часа

Велковски: Сeкое дете ќе добие Европска детска гаранција

Македонијапред 13 часа

Самит Македонија 2025: Дијаспората подава рака, неопходно е искоренување на корупцијата и стабилни институции

Македонијапред 15 часа

Жителите на Македонија внесуваат 2,4 пати повеќе сол од препорачаното

Македонијапред 16 часа

Средба Азески-Бехтел и Енка: Максимално вклучување на домашните компании во изградбата на коридорите 8 и 10д

Гостиварпред 16 часа

Неовластено снимен разговор со гостиварец завршил на социјални мрежи

Деца Родителипред 20 часа

Семејство-најмалиот, а најважен градежен блок во општеството!

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена