Поврзи се со нас

Гостивар

До 50 евра казни и поука за пешаци во Гостивар кои непрописно преминувале улица

Објавено

на

Вчера (11.04.2023) во периодот од 9.00 до 14.00 часот, полициски службеници на СВР Тетово спровеле акциска контрола за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците. При контролата биле констатирани и санкционирани 31 прекршок, од кои 23 во Тетово и 8 во Гостивар.

„Сите се однесувале на преминување на улиците надвор од обележан пешачки премини, по што на пешаците-прекршители им биле изготвени соодветни поднесоци, со напомена дека предвидените парични глоби за ваквите прекршоци се движат од 20 до 50 евра во денарска противвредност, а прекршителите ќе бидат повикани и на таканаречена сообраќајна поука.“, соопшти СВР.

При контролата, исто така, санкционирани биле и 15 други видови прекршоци.

Секторот за внатрешни работи Тетово со апел до пешаците да внимаваат кога и каде ги преминуваат улиците, како постапуваат на крстосници со светлосна сигнализација и како се движат по улици на кои нема обликувани тротоари. На возачите ,пак, им се советува секогаш да им даваат првенство, односно да ги пропуштаат пешаците кога тие имаат предност.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена