Поврзи се со нас

Гостивар

Контроли во Гостивар и Тетово: Возат патници во неисправни автобуси и комбиња

Објавено

на

Полициски службеници на СВР Тетово вчера (10 април) од 9 до 14 часот спровеле акциска контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници, претежно автобуси и комбиња. При контролата биле откриени и санкционирани 6 технички неисправни возила (ТЕ-5 и ГВ-1), од кои 5 имале неисправни сопирачки, а едно било со неизвршен технички преглед. Сите неисправни возила веднаш се исклучени од сообраќај и на нивните возачи изготвени им се соодветни поднесоци.

Ваква контрола, исто така, била спроведена и денеска од 6 до 10 часот, во која се санкционирани 4 технички неисправни возила (ТЕ-1 и ГВ-3). Две возила имале неисправни сопирачки, едно неисправен уред за управување и едно неизвршен технички преглед, а констатиран бил и еден друг вид на сообраќаен прекршок. Покрај тоа, санкционирани биле и 5 возачи кои вршеле јавен превоз без потребните документи.

Секторот за внатрешни работи Тетово со апел и укажување до возачите навреме да ја проверуваат техничката исправност на возилата кои ги управуваат и посебно доколку секојдневно вршат локален јавен превоз на тетовско-гостиварското подрачје, претежно со комбиња или минибуси.

Истото се однесува и на меѓуградските автобуси, како и на автобусите кои сообраќаат на меѓународни линии.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена