Македонија
87% од починатите од ковид не биле вакцинирани – месечен извештај на МЗ
Во период од 6 август до 9 септември на територија на државата како позитивни на Ковид-19 се потврдени 26.053 граѓани, од кои 19%, односно 5.175 лица, биле целосно вакцинирани. Според статистика за изминативе пет недели, 20.878 граѓани, односно дури 80% од позитивните не биле вакцинирани, информира Министерството за здравство. Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 84 отсто, додека 16% од сите моментно хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани.
– Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата. Во период од пет седмици на територија на државата починале 678 лица со Ковид-19, од кои 591 пациент или 87 проценти не биле вакцинирани, а само 87 или 12 отсто примиле вакцина. Според анализите, починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања, се вели во соопштението од МЗ.
Заразените и починатите се вакцинирани со вакцини што ги има на располагање кај нас, како и со „Модерна“ и „Џонсон и Џонсон“, кои некои од пациентите ги примиле во странство.
– Министерството за здравство укажува на важноста на вакцинација: секоја вакцина која ја имаме на располагање е безбедна, ја намалува шансата од заболување, спречува тешка форма на болеста и штити од смртен исход. Министерството за здравство апелира граѓаните да се вакцинираат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на СарсКов2, се посочува во соопштението.
Од Министерството појаснуваат дека за вакцинирани се сметаат лицата кои примиле две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина.
-
Гостиварпред 3 месеци
Голем интерес! Гостиварци уживаа во кино под отворено небо
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Професионална масажа и физиотерапија „ФИЗИО БЕТИ“ нов салон во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Водата од водоводот во Гостивар загадена со бактерии, не е безбедна за пиење
-
Гостиварпред 3 месеци
Во ОВР Гостивар пријавена измама од адвокати за купопродажба на имот
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент при работна акција за уредување на црквата „Св.Петка“ во Галате
-
Гостиварпред 2 месеци
Трагедија во Гостивар: Дете починало на фудбалски тренинг
-
Гостиварпред 1 месец
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија