Гостивар
9-ти ден од акцијата за санирање – Русино се‘ уште гори, кој и зошто ја пали депонијата???
Нема крај на еколошкото страдање на гостиварци. Депонијата Русино се’ уште гори. Чад и непријатна миризба во градот, особено се чувствуваат од вчера попладне.
Акцијата за санирање што ја организира Дирекцијата за заштита и спасување трае веќе девет дена. Од таму велат дека вчера наутро состојбата била стабилизирана и под контрола, но утрово глетката била ужасна. „На депонијата повторно има пожар, отпад гори, чади, како првиот ден кога почна да се интервенира. Фирмата што ние ја ангажиравме за санирање ќе остане да работи со механизацијата и викендов. Се надеваме дека состојбата ќе се среди. Што се случува со пожарите, зошто се повторуваат навистина не знаеме да објасниме.“, рече Лирија Селмани, раководител на Дирекција за заштита и спасување во Гостивар.
Првичните проценки беа дека состојбата на Русино ќе се среди за 4 до 5 дена, но новите пожари ја отежнуваат работата. Гостиварци со право реагираат со револт и се прашуваат: Кој и зошто ја пали депонијата труејќи ги граѓаните?
На фејсбук страницата на граѓанската иницијатива Стоп Русино! Чист воздух за Гостивар повторно се објавуваат фотографии и видеа, на кои може да се види чад и загаденост од опожарената депонија. Иницијативата минатата недела имаше состанок на кој беше донесен заклучок по изборите да се одржи средба со општинските власти за изнаоѓање решение, во спротивно да се покренат порадикални мерки, протест и блокирање.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди