Поврзи се со нас

Локални избори 2022

Петровска: Со Медат Куртовски, Маврово и Ростуше ќе продолжи да се развива

Објавено

на

Во склоп на предизборната кампања за градоначалник на Општина Маврово и Ростуше, Славјанка Петровска, членка на ЦО на СДСМ и министерка за одбрана, денеска се сретна со жителите на Леуново, Никифорово и Маврово.

“Овој крај сите го чувствуваме како свој, без разлика каде живееме. Во Маврово и Ростуше се реализирани над 60 проекти, со кои се решени најголемите проблеми на локалното население, од инфраструктура до пристап до чиста вода за пиење. Оваа општина не смее да се враќа назад, со поддршка за Медат Куртовски, Маврово и Ростуше ќе продолжи да се развива и да стане и светски позната туристичка дестинација”, рече Петровска.

На средбите, жителите се запознаа со новата програма на кандидатот за градоначалник Медат Куртовски во која за Леуново се предвидени нова водоводна линија, во мавровскиот дел, урбанистички планови со што ќе се регулираат градбите, депонија, уредување на пат до месноста Студенче, за Маврово, санација на резервоар за вода во месноста Крстови, санација на локалниот пат, нови резервоари за вода, изградба на велосипедска патека околу езерото, чистење и уредување на диви депонии.

“Месните проекти, општината Маврово и Ростуше ја прават поврзана. Фокусот во новиот мандат останува на целосно решавање на проблемите на граѓаните и на општината. Со нова водоводна линија,  со чистење и уредување на дивите депонии, санација и уредување на селските улици, во овој крај ќе се решат главните проблеми на седелците, но и на сите луѓе кои тука имаат свои викенд куќи и голем дел од времето го поминуваат тука”, рече Куртовски.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Здравје и убавинапред 8 часа

Пролетен тренд-Лакови за нокти во посветли нијанси

ИЗБОРИ 2024пред 10 часа

Близу 60% граѓаните ќе гласаат на изборите – кампањата не влијаела на нивната одлука

Гостиварпред 11 часа

Приведен 41 годишник во Гостивар

Македонијапред 13 часа

ССМ ги повика работниците на протест на 1 Мај: Да покажеме одлучност во борбата за подобри работнички права

Гостиварпред 15 часа

Чествување на Цветници во Гостивар: Да ги отфрлиме сите дела на мракот и да се облечеме во оружјето на светлината!

Занимливостипред 16 часа

Сепак, може да има чудна врска помеѓу менструалниот и лунарниот циклус

Здравје и убавинапред 17 часа

Зачини кои можат да помогнат во работата на вашиот мозок

Вестипред 18 часа

Православен празник Цветници, предвесник на Велигден

Магазинпред 1 ден

Збунувачко, иритирачко и штетно-Реченици што треба да се избегнуваат

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена