Спорт
Продолжува 2МФЛ: ФК Гостивар му гостува на Беса – ФК Арсими го пречекува Пелистер
Додека останатите спортски првенства се во подготвителна фаза, во Втората македонска фудбалска лига денес, веќе се игра третото коло.
По разните шпекулации изминативе деновиве околу ФК Гостивар, од гостиварскиот второлигаш денеска информираа дека нема никакви промени во раководството и управата на кулбот, односно останува генералниот спонзор како и тренерот Октај Дереиоглу кој денеска од клупата ќе ги води фудбалерите.
Гостиварци му гостуваат на ФК Беса 1976 во Добридол, домаќините од првите две кола имаат 1 победа и 1 нерешен резултат, ја совладаа екипата на ФК САСА и одиграа без голови со Пелистер во Битола. Додека ФК Гостивар има максимален скор од 6 бодови, кои ги заработи против екипите на Локомотива од Пехчево и ФК САСА.
Уште еден интересен натпревар ќе се одигра денска на стадионот во Чегране каде домаќинот ФК Арсими ќе ја пречека екипата на Пелистер. Чегранци имаат една победа во премиерниот настап во 2МФЛ го совладаа Кожув во Гевгелија, дома загубија од Вардар во првото коло. Битолчани имаат една победа и еден пораз.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!