Поврзи се со нас

Вести

Денеска ќе биде погребана кралицата Елизабета Втора

Објавено

на

Две илјади гости, меѓу кои и неколку стотици претседатели, поглавари и монарси, денеска ќе присуствуваат на државниот погреб на кралицата Елизабета Втора во Вестминстерската опатија во Лондон.

Таа ќе биде погребана вечер во капелата Свети Џорџ до замокот Виндзор.

Државниот погреб на кралицата Елизабета, еден од најголемите логистички предизвици во британската историја, ќе се одржи во Вестминстерската опатија, а меѓу 2.000 гости ќе бидат и јапонскиот цар Нарухито, францускиот претседател Емануел Макрон, американскиот претседател Џо Бајден.

Погребот ќе го обезбедуваат повеќе од 10.000 полицајци од цела Велика Британија, бидејќи се очекува рекорден број луѓе да ја следат погребната поворка. Велика Британија денеска речиси ќе застане. Продавниците, канцелариите, рестораните ќе бидат затворени. Збогувањето ќе може да се гледа во стотина кина и во паркови на големи монитори.

Попладне, ковчегот на кралицата Елизабета Втора ќе биде однесена во замокот Виндзор каде ќе биде погребана вечер во кругот на најтесното семејство.

Ковчегот на кралицата, кој моментално е изложен во лондонската палата Вестминстер, утрово ќе биде пренесен во Вестминстерската опатија каде ќе се одржи државен погреб. Поворката започнува во 11:35 часот по средноевропско време. Ковчегот ќе биде поставен на лафет кој ќе го влечат офицери на морнарицата, што е традиција од погребот на кралицата Викторија во 1901 година.

Поворката зад ковчегот ќе ја предводи кралот Чарлс Трети. и членовите на британското кралско семејство, и ќе стигне до портите на Вестминстерската опатија за 17 минути. Пред лафетот ќе одат 200 гајдаџии и тапанари на Кралското воено воздухопловство.

Иако богослужбата на свештеникот Дејвид Хојл ќе започне на пладне по средноевропско време, опатијата ќе биде отворена три часа порано за да се сместат 2.000-те гости. Покрај државници, политичари и монарси, на погребот ќе присуствуваат и 200 луѓе на кои кралицата им оддаде почест во јуни годинава, пред сè здравствени работници ангажирани во пандемијата на Ковид-19.

Проповедта ќе ја одржи надбискупот од Кентербери, Џастин Велби, по што во црквата и целото Обединето Кралство ќе има двоминутно молчење. Државниот погреб ќе заврши околу 13:00 часот со интонирање на националната химна, последен поздрав со труба и проштална песна од кралскиот гајдаџија.

Странските државници потоа ќе присуствуваат на прием организиран од шефот на дипломатијата Џејмс Клеверли, во седиштето на Англиканската црква веднаш до опатијата. Поворката со ковчегот, пак, ќе тргне од Лондон до Хајд Парк, придружувана од ѕвоната на Биг Бен, а потоа ковчегот со погребна кола ќе биде однесен до Виндзор, на југоисток, триесетина километри од главниот град.

Од 16:00 часот по средноевропско време ќе почне нова поворка предводена од членовите на кралската коњаница, која ќе помине петкилометарска „Долга прошетка“ на пат кон замокот Виндзор. Кралското семејство ќе се приклучи на поворката кон капелата Свети Џорџ.

На верската служба ќе има 800 луѓе, меѓу кои и членови на персоналот на кралицата. Во 20 часот и 30 минути, кралицата ќе биде погребана, во кругот на најтесното семејство, во меморијалната капелата на нејзиниот татко Џорџ Пети.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Здравје и убавинапред 8 часа

Пролетен тренд-Лакови за нокти во посветли нијанси

ИЗБОРИ 2024пред 10 часа

Близу 60% граѓаните ќе гласаат на изборите – кампањата не влијаела на нивната одлука

Гостиварпред 12 часа

Приведен 41 годишник во Гостивар

Македонијапред 13 часа

ССМ ги повика работниците на протест на 1 Мај: Да покажеме одлучност во борбата за подобри работнички права

Гостиварпред 16 часа

Чествување на Цветници во Гостивар: Да ги отфрлиме сите дела на мракот и да се облечеме во оружјето на светлината!

Занимливостипред 17 часа

Сепак, може да има чудна врска помеѓу менструалниот и лунарниот циклус

Здравје и убавинапред 18 часа

Зачини кои можат да помогнат во работата на вашиот мозок

Вестипред 18 часа

Православен празник Цветници, предвесник на Велигден

Магазинпред 1 ден

Збунувачко, иритирачко и штетно-Реченици што треба да се избегнуваат

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена