Македонија
Поддршка за штедење на струја се бара и преку верските заедници
Министерот за економија Крешник Бектеши денес оствари средба со поглаварот на Исламската верска заедница, Реисот Шаќир Фетаху, на која побара поддршка за спроведување на мерките за штедење на електрична енергија.
„На состанокот разговаравме за енергетската криза со која се справува државата се со цел да ја добиеме поддршката од ИВЗ за штедење на енергија, која е многу важна во делот на покажување на општествена одговорност од страна на сите институции, но и на сите граѓани на Северна Македонија. Нашата цел е да се подгигне свеста кај сите верници и кај сите граѓани за во овој тежок период кој што следува сите заеднички да заштедиме електрична енергија со цел за побрзо пребродување на оваа криза.“, изјави министерот.
Фетаху рече дека веќе преземаат мерки за рационализација на потрошувачката на струја и ќе дадат придонес да се подигне свеста кај граѓаните за штедење на струјата.
„Секогаш сме докажувале дека во кризни моменти, но и сега ќе бидеме во служба на подигнување на свеста на граѓаните да бидат рационални во користењето на електричната енергија, што е за доброто на целото општество. ИВЗ нема проблем да заштеди или рационално да ја користи енергијата. Во сите наши објекти, кои се над 700 џамии кај нас, секогаш рационално ја користевме струјата. Во текот на следните денови и недели заедно со 13-те муфтиства на ИВЗ и над 1200 вработени во ИВЗ ќе дадеме максимален придонес за подигање на свеста на граѓаните, најпрво со апели во текот на петочните молитви, а потоа и во други форми“, рече поглаварот на ИВЗ.
Средба на министерот со иста цел е најавена и со челниците на МПЦ.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ