Вести
Сметката на Кина за август за енергија од Русија изнесува 8,3 милијарди долари
Кинеските трошоци за руски енергетски производи за месец август достигнаа рекордни 8,3 милијарди долари. Најголемиот светски увозник продолжува да ги проширува набавките на енергенси од Москва за прекуокеански испораки на сурова нафта, нафтени производи, гас и јаглен, пишува Bloomberg.
Според податоците на кинеската царина во вторникот, сметката за август беше за 68% повисока од пред една година и вклучувајќи рекордно количество јаглен. А вкупниот износ од почетокот на војната во Украина за шест месеци е приближно 44 милијарди долари, што претставува зголемување од 74%.
Зголемената потрошувачка на Кина, доаѓа и покрај генерално послабиот увоз на енергија годинава, бидејќи капацитетите се намалени од забавената економија и владината политика „Covid Zero“ која продолжува да ги држи купувачите дома и покрај падот на случаите позитивни на вируси.
- Извозот на руска нафта во Кина се искачи на 8,34 милиони тони, споредено со 6,53 милиони пред една година. Засилените санкции на Европа ќе резултираат со испорачано повеќе сурова нафта до повеќе дестинации на истокот, вклучително и Кина во наредните месеци.
- Увозот на руски јаглен достигна нов максимум од 8,5 милиони тони, што е за 57% повеќе во однос на годината.
- Набавките на течен природен гас се искачија на 671.000 тони, што е највисоко ниво од 2020 година и 37% повеќе отколку пред една година.
Августовската сметка на Кина за енергија сочинува 83% од вкупниот увоз од Русија.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ