Вести
Избори во Италија: Крајната десница доаѓа на власт
Џорџа Мелони, лидерката на екстремно десничарската партија „Браќа на Италија“ која според прелиминарните податоци e победник на изборите во Италија, најави дека ќе ја предводи следната италијанска влада.
„Италијанците испратија јасна порака за десничарска влада предводена од Браќата од Италија. Ќе владееме за сите. Ќе владееме за да го обединиме народот“, рече Мелони во синоќешното кусо обраќање пред новинарите.
Коалицијата формирана заедно со другата екстремно десничарска евроскептична партија „Лига“ на Матео Салвини и со конзервативната партија „Форца Италија“ на поранешниот премиер Силвио Берлускони ќе има околу 43 отсто од гласовите, што и обезбедува апсолутно мнозинство во Претставничкиот дом и во Сенатот на италијанскиот парламент.
Излезната анкета на „РАИ“ предвидува дека таа ќе освои меѓу 22 и 26 отсто од гласовите, пред нејзиниот најблизок ривал Енрико Лета од левиот центар. Неколку останати изборни анкети и даваат предност на десничарската коалиција од 41 до 45 проценти од гласовите.
Доколку бидат потврдени изборните резултати, Мелони ќе ја формира најдесничарската влада во Италија од Втората светска војна.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот