Гостивар
Општина Гостивар ќе ги поддржува згрижувачките семејства со 10.000 денари месечно
Сите семејства кои ќе се одлучат да станат згрижувачки, односно во својот дом ќе згрижат дете кое има потреба од тоа, ќе добиваат парична поддршка од Општина Гостивар, во износ од 10.000 денари месечно.
Локалната самоуправа на овој начин сака да даде дополнителна мотивација на гостиварци, да се вклучат во згрижувачкиот процес.
„Се работи за деца кои немаат семејства и на Гостивар навистина му требаат згрижувачки семејства, кои би сакале да земат дете кое е осамено, затоа што за децата е подобро да растат во семејство и да се социјализираат. Сите кои се подготвени да згрижат дете кое има потреба, би ги мотивирале со поддршка од 10.000 денари месечно. Ние ваква поддршка сме давале и порано за најдобрите ученици, децата со посебни потреби, лицата со ретки болести…“, рече меѓудругото во својата изјава градоначалникот Арбен Таравари, на промотивниот настан кој се одржа во Гостивар со цел подигање на свеста за значењето на згрижувачките семејства и нивната улога во општеството.
Згрижувачките семејства согласно закон добиваат месечен надоместок од државата, а износот зависи од неколку критериуми, од кои еден е бројот на згрижени деца.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ