Македонија
Просечната плата во септември била 32.553 денари, објави ДЗС
Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната исплатена нето-плата по вработен, во септември годинава изнесувала 32.553 денари и е за 12,8% повисока од истиот месец лани.
ДЗС наведува дека паквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (19.1 %), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (18.8 %) и Преработувачка индустрија (17.9 %).
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Образование (10.0 %), Административни и помошни услужни дејности (4.0 %) и Преработувачка индустрија (3.7 %).
Највисоки плати, според податоците има во дејноста компјутерско програмирање со износи над 83.000 денари, складирање и помошни дејности во превоз над 53.000, фармација околу 51.000 денари итн.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар